Само неколку часа откако официјално беше потврдено дека сомнителната направа пронадена во тоалетот во авион на Ер Франс е бомба, се појави информација дека сепак е тоа лажна тревога.
Сомненителниот предмет пронајден во авионот на Ер франс на летот од Маурициус до Париз, поради што авионот итно слета во Кенија, е безопасен и се работи за лажна дојава за бомба, соопштуваат од Ер Франс.
„Според сите информации кои ги имаме досега станува збор за предмет кој не можел да експлодира или да го оштети авионот туку тоа е мешавина од картон, хатрија и некој вид кујнски тајмер“, изјави Фредерик Геже од Ер Франс. „Тоа беше лажен аларм“, додаде тој.
Според Геже ова не е “лоша шега”, туку “исклучително агресивен чин” – станува збор за четврта лажна тревога по терористичките напади во Париз на 13 ноември.
Во авионот кој леташе од Маурициус за Париз имаше 459 патници и 14 членови на екипажот, кои веднаш по слетувањето во Момбасу беа евакирани. Видно вознемирени патниците велат дека им било кажано дека авионот има технички проблеми и поради тоа е пренасочен.
Кениската полиција претходно рече дека шест сомнителни патници се испрашувани, а меѓу нив е и човекот кој на авионскиот персолан им кажа за поставената бомба. По што пилотите побараа итно слетување во Момбас.
Авионот во кој беше пронајдена сомнителната направа полетал од Маурициус синоќа во 21 часот по локално време, а во Париз требаше да пристигне во 5.50 часот. Во Момбас присилно слета околу 1 часот по полноќ.
Во Париз се уште е на сила е високо ниво на предупредување од терористички напади по оние кои се случија на 13-ти ноември, откако одговорноста за нападите во кои загинаа 130 луѓе ја презеде исламска држава. Терористите исто така ја презедоа одговорноста за уривање и на рускиот патнички авион во Египет на 31 октомври, кога загинаа 224 патници и членови на посадата.