Кашоги пред убиството разговарал со принцот Салман, тврдат медиуми


Турскиот дневен весник Yeni Şafak објави во понеделникот дека саудискиот принц Мухамед бин Салман телефонски разговарал со саудискиот новинар Џамал Кашоги, непосредно пред тој да биде убиен и наводно распарчен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

„Кашоги пред кобната несреќа беше во посета на саудискиот конзулат, каде бил пристојно пречекан, понуден со чај, а потоа му беше закажана следна посета за да ги добие документите за венчавката. Кога другиот пат пристигнал во посета му беше поставена замка“, наведува Yeni Şafak.

Според весникот, Кашоги во конзулатот бил задржан на сила и му пружиле телефон. Турскиот претседател Реџеп Таји Ердоган објави претходно во неделата дека целата документација за ликвидацијата на саудискиот новинар ќе биде обелоденета во јавноста, како и дека постојат аудио записи кои го потвдуваат тврдењето на Анкара дека Кашоги е убиен во конзулатот, што официјален Ријад ги призна дури по повеќе од две седмици негирање. Според саудиската верзија, Кашоги починал по физичка пресметна со некои лица коишто ги сретнал во дипломатската мисија во Истанбул.

Според сознанијата на весникот на Кашоги, остар критичар на саудиските власти, му било порачано уште еднаш да дојде а во меѓувреме од Ријад пристигнало лице кое требало да го убеди, како и принцот Мохамед бин Салман во телефонскиот разговор, да се врати во Саудиска Арабија, откако замина во егзил во САД во 2017 година кога падна во немилост на саудиските власти, а повеќе негови колеги и пијатели беа затворени. Но Кашоги, стравувал за својата безбедност доколку се врати во Саудиска Арабија, и сметал дека ќе биде затворен.

„Кашоги беше фатен од саудиски тим во зградата на конзулатот, а потоа принцот Мухамед разговараше со Кашоги по телефон и го замоли да се врати во Ријад. Тој ја одби понудата на принцот, ставувајќи оти ќе биде уапсен и убиен ако се врати во Саудска Арабија, по што тој е убиен“, наведува турскиот провладин весник кој се повикува на извори од истрагата кој објавува и нови фотографии о разни периоди од денот од Кашоги и неговата вереница Хатиџе Ченгиз денот пред да исчезне во конзулатот.

Претходно во четвртокот весникот Yeni Şafak објави дека сомнителното црно возило „ван“ било пронајдени од турската полиција во затворената гаража на конзулатот во текот на претресот. Турски официјални лица се сомневаат дека саудската „едница“, односно специјално обучен тим за егзекуција и остранување на телото на новинарот, ангажиран за испитувањето и ликвидацијата на Кашоги го користел ова возило за пренесување на телото на новинарот од конзулатот до резиденцијата на конзулот.

Министерот за правда на Саудиска Арабија, шеикот Валид ал-Салмани, и покрај Виенската конвенција за дипломатските односи којашто ѝ дава право на земјата домаќин да влезе во конзулат во случај на сериозно кривично дело, да гони и да упаси ако е потребно кознуларни службеници., изјави дека убиството на Кашоги било извршено на територија на која сувереност има саудиската монархија, и оти судството во неговата земја е целосно независно и оти непристрасно ќе го води сличајот. Беше наведено дека за егзекуцијата на новинарот се притворени 18 лица, а двајца високи функционери на саудиското разузнавање добија откази.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1