Кастро пак ги демантираше сите – не умира се појави во јавност (Фото)


Кубанскиот лидер Фидел Кастро се појави во јавност и со тоа повторно по којзнае кој пат ги демантираше пишувањата на медиумтие дека е пред умирање, јавува Асошијетед прес.

Според директорот на хотелот “Насионал” во Хавана, Јамиле Фастер, 86-годишниот Кастро дошол со автомобил заедно со гостин од Венецуела. Оваа недела медиумите пишуваа дека Кастро доживеал мозочен удар, никого не препознава и е во многу лоша состојба.

Кастро беше првиот секретар на Централниот комитет на кубанската комунистичка партија од октомври 1965. во март 2011. изјави дека не раководи со партијата од 2006. кога поради здравствената состојба морал да ги отстапи сите свои функции. Кастро дури напишал и самиот текст за кубански весник и се сликал како го држи во рака – весникот е од петокот кога беа најгласни вестите дека тој е на умирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1