Лажен сериски убиец – признал 30 убиства за да добие слава (ФОТО)


 

Во текот на деведесетите години човекот кој себе се нарекуваше Томас Квик а со вистинско име Стур Бергвал признал повеќе од 30 нерешени убиства со што стана најголемиот сериски убиец во Шведска и беше осуден за осум од убиствата.

Скандалозно е што сега се дознало дека тој не убил никого, туку лажно признавал дека е убиецот за да би добил слава и да биде ценет.

Денес тој има 62 години а веќе 20 години е во психијатриската болница која има највисок степен на обезбедување во близина на Стокхолм. Дури го нарекуваа и шветскиот Ханибал Лектор, а неговата фотографија со наочари ја имаше на сите насловни страници на светските медиуми.

Лагата ја открил Ханес Рестам еден од најугледните шветски сниматели на документарни филмови кој сакал да сними филм за убиецот. Разговарал со Квик во затворот, прегледал 50.000 страници судска документација и се запрепастил кога открил дека е осуден без ниту еден доказ.  Немало трагови на ДНК, нема оружје, нема сведоци, телата на жртвите не се најдени таму каде што тој тврдел дека ги закопал. Осуден е само врз основа на признанијата.

Немало модел на убиства кој го има кај сите сериски убијци. Односно убивал и мажи и жени и деца, ги силувал, ги касапел, ги давел, ги јадел, со други зборови измислувал без граници.

Тој во менталните установи каде престојувал видел дека најмнгоу слава добиваат убијците, и сакал да биде почитуван и тој, вели филмаџијата.

Откако се расчуло имало ревизија на случаите и убиецот е ослободен од 5 од 8 убиства за колку бил осуден, а во тек е ревизија и за останатите убиства, а се бара и одговор на прашањето – кои се тогаш вистинските убијци кои се на слобода поради признанието на Квик.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1