Научниците пронајдоа начин да откријат што луѓето сонуваат


Тим на научници на чие чело бил Јукијасу Камитани од АТR комјутерската лабораторија за истражување на процесите во мозокот од Киота во Јапонија, ги скенирале мозоците на тројца субјекти додека спиеле и ги снимале нивните мозочни бранови.


Научниците ги буделе волонтерите, секој пат кога мозочните бранови се совпаѓале со почетокот на спиењето и побарале од нив да им соопштат што во тој момент сонувале, а веднаш потоа ги враќале на повторно спиење. Процесот траел три часа и бил повторуван седум до десет пати, во период од неколку дена, посебно за секој волонтер.

За време на периодот на тестирање, волонтерите се буделе во просек по десетина пати секој час. Секој од волонтерите сонувал нешто по шест или седум пати секој ден, па научниците имале околу 200 сонови со кои што можеле да работат.

Повеќето од соновите ги отсликувале секојдневните активности. Меѓутоа некои од нив биле доста необични, како што се разговорите со некоја непозната личност. Научниците ги извлекле клучните зборови од нивните извештаи, како што се автомобил, машко, женско, или пак комјутер, по што направиле 20 категории кои што најчесто се појавувале во соновите.

Научниците потоа избирале фотографии кои ја претставуваат секоја категорија, ги скенирале мозоците на волонтерите додека ги гледале фотографиите, а потоа ги споредувале со активноста на мозокот со оние кои што ги забележувале додека спијат.

„Изградивме модел кој може да предвиди дали некоја од категориите се појавува во соништата. Со анализирањето на мозочната активност на секоја девета секунда, пред будењето, можеме да предвидиме дали тие сонуваат или не, со прецизност од 75 до 80%“, изјавил Камитани.
Камитани и неговите колеги сега се обидуваат да ги соберат истите информации од REM фазата на спиењето.
„Ова е многу потешко да се направи, затоа што мораме да чекаме најмалку еден саат, пред субјектот да дојде до таа фаза“, објаснил Камитани.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1