Катица Јанева оди во куќен притвор – во станот на синот во Скопје- Одземен и е пасошот


Катица Јанева оди во куќен притвор. Вака денеска одлучи скопскиот апелационен суд, по жалбата на екс специјалната обвинителка, пренесува „Телма“.

Инаку таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати. Сега Јанева оди во домашен притвор, но без гаранцијата.

Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет

Катица Јанева ќе оди во куќен притвор во станот на синот во Скопје, дознава „Телма“.

Апелациониот суд за да ја донесе ваквата одлука пред себе го имал имотниот лист од овој стан, но и ја ценел здравствена состојба на екс специјалната обвинителка, околностите дека може да се обезбеди од дома, дека веќе има обвинение, но и ја одзел и патната исправа а државата не смее да ја напушти ниту со лична карта.

Сега Јанева има и забрана да комуницира со луѓето инволвирано во случајот Рекет. Директорот на затворот Есад Рахиќ за Телма рекол дека решението на апелациониот суд се уште не е стигнато кај нив, но доколку стигне тогаш тие ќе го спроведат.

Инаку скопскиот апелационен суд ја прифати жалбата на екс специјалната обвинителка.

Решението го донесе денеска. Таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати, сега Јанева оди во домашен притвор но без гаранцијата.

Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет.

Судењето за неа и останатите обвинети треба да започне на 3-ти Декември.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1