Катимерини: Нимиц на готовс ја чека новата влада во Македонија


На Македонија и е неопходна стабилна влада која ќе може да биде силен соговорник во преговорите за името и ќе има доволна поддршка за да се одобри потенцијален договор за спорот за името, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во анализа за македонско-грчките односи по македонските парламентарни избори. Доколку нема силна и стабилна влада во Македонија, според анализата на весникот, дополнително ќе се пролонгира и целиот преговарачки процес за спорот за името кој веќе две години е во прекин поради внатрешните политички и финансиски проблеми на грчката и македонската влада.metju nimic

Како што пренесува „Катимерини“ посредникот Метју Нимиц чека да се состави влада во Македонија и е на готовс повторно да ги активира преговорите за името.

„Нимиц сака да што побрзо одново да ја реактивира медијацијата за преговорите. Изгледа подготвен да ги посети двата главни града на почетокот на годината, откако во Скопје ќе се формира влада, со цел да ги испита намерите на новата влада, но и на Атина и откако ќе добие целосна слика да се врати малку подоцна со конкретни идеи и предлози“ пишува „Катимерини“.

Иако преговарачкиот процес е на стенд бај веќе две години поради македонската политичка криза и политичките проблеми во Грција, „Катимерини“ коментира дека странските дипломати оценуваат дека е создаден позитивен моментум преку зачестените средби меѓу двете страни и иницијативите за мерките за градење доверба, за кои се смета дека долгорочно може да се покажат конструктивни и корисни за двете страни. Оценките генерално се позитивни за односот на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас кон македонската страна, додека пак странските дипломати се критични и незадоволни од односот на претседателот Прокопис Павлопулос поради неговите чести радикални изјави за Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1