Катица Јанева остана со преполовен тим, Советот не ги избра останатите седумина


Советот на јавни обвинители не ја стави на дневен ред точката за избор на помошници јавни обвинители на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.katica janeva2

Еден член од Советот предложил дополнување на дневниот ред на редовната седница на Советот  со оваа точка, но образложението на претседателот на советот на јавни обвинители, Петар Аневски е дека во дописот кој стигнал од Јанева немало ништо ново, биле предложени истите имиња и истиот обем на работа.

Аневски изјави дека не работат според политички договори и покрај писмото кое беше испратено до нив од министерот за правда потпишано од четирите политички партии  и меѓународниот притисок да се избере целиот тим на Јанева.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1