Лицата од католичката црква во Италија и САД тврдат дека егзорцисти им се потребни повеќе од било кога, бидејќи се повеќе луѓе се занимаваат со сатанизам. Експертите за егзорцизам тврдат дека е се поголем притисокт да се пронаде решение за тој проблем.
– Неопходно е да се реши проблемот со недостатокот на егзорцисти. Постои неопходност како резултат на значајниот пораст на запоседнување со кое се соочуваат свештениците кои истеруваат ѓаволиНи недостигаат експерти, ситуацијата е алармантна. Нашите свештеници од ден во ден се соочуваат со се повеќе опседнати – рекол Валтер Касиоли, психологот и научен консултант на Меѓународната асоцијација на егзорцисти кое го поддржува Ватикан, за италијанската „Ла стампа“.
Бројот на луѓе кои учествуватт во окултните и сатанските ритуали кои доведуваат до сериозни психички, психолошки и духовни оштетување константно расате – додал тој, а особено се загрозени младите бидејќи многу користат интернет.
– Тоа е феномен кој не смееме да го потцениме. Се се случува под влијание на ѓаволот, но и недостигот на верба и вредности – смета Касиоли.
На прашање како може да се истера ѓаволот од децата, Касиоли вели дека клучот е во образованието.
– Не постои едукација на факултетите. Неопходен ни е пристап во кој науката соработува со религијата, а психијатрите работат заедно со егзорцистите.
Кои се симптомите на опседнатост со ѓаволот?
Повраќање на метални предмети, говор на изумрени јазици, како арамејски, старогрчки или латински и насилно реагирање на „молитвите на ослободување“ и светата вода, се тврди во текстот на Телеграф кој го цитира свештеникот Илдебранд ди Фулвие од Фросиноне, гратче јужно од Рим. Стравот на италијанските експерти имал оддек во САД. Двајца врвни американски истерувачи на ѓавол, отец Гери Тома и отец Винсент Ламперт велат за „Телеграф“ дека бранот на „пагански пракси“ донесува проблеми со грижата за менталното здравје и духовната празнина која ја влошува ситуацијата.