Кацарска: Јас „комуњарката” да ургирам Заев да заврши во притвор?


Судијката Добрила Кацарска, која ја досуди највисоката затворска казна од 211 години за осудените во „27 април“, негира дека во јули 2011 годинина, кога беше уапсен тогашниот лидер на опозицијата, денес премиер, Зоран Заев, за случајот „Глобал“, од позиција на претседателка на Кривичниот суд ургирала кај судијата на претходна постапка да му одреди притвор на обвинетиот Зоран Заев.

– Не е точно. Апсолутно не е точно. Како можам јас од Турција да се јавам на судија за да го стави Зоран Заев во притвор? А освен тоа, вие при поставувањето на прашањата кажавте дека важам за комуњарка, нели. И токму јас, нели, комуњарката се јавував кај судија за да го притворат господинот Зоран Заев. Мислам, нелогичности, рече Кацарска за 1ТВ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1