Kавадаречко: Гнездо на штркови со пет мали штркчиња изгоре во пожар


Гнездо на штркови во кое имаше пет мали штркчиња изгоре денеска во кавадаречкото село Сопот. Интервенирала и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Командирот Илчо Богевски рече за МИА дека според првичните информации, можно е поради змија или меѓусебно туркање, штрковите да предизвикале допирање на две жици и спој, по што настанал пожарот.

Изгорел и дел од бандерата, но спречено е огнот да се прошири на блискиот објект. Очевидците изразија жалење што не се успеало да се спасат младите штркчиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1