Казна до 49.000 евра или 3 години затвор за оние кои не носат маска во Катар


Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека носењето на маски ќе биде задолжително од недела.

Оние кои нема да го почитуваат тоа ќе бидат казнети со максимално 200.000 риали (49.000 евра), пренесе „Гардијан“.

Прекршителите исто така би можеле да бидат затворени и до три години, се наведува во соопштението од Министерството на Твитер.

Во соопштението е наведено дека од ова правило ќе бидат изоставени лицата кои се сами во возило.

Катар извести дека има 1.733 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а вкупно има 28.271 случаи и 14 починати.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1