Казна од 20 евра за момче кое не дошло на роденденска забава


Петгодишниот Алекс Неш од Корнвел, Англија, му била врачена фактура во износ од 15, 95 фунти (20 ева) поради отсуство од роденденската прослава на својот школски другар.

На неговите родители кои на почеток мислеле дека станува збор за шега, им се заканува судска тужба доколку не ги уплатат назначените пари.Racun,-foto-2

За родителите кои организраат роденденски прослави на своите деци знаат дека тоа воопшто не е мала задача. треба да се погрижат за поканите, да изберат место, да купат торта, и да го организраат доаѓањето и заминувањето на децата. А сето тоа подразбира голем трошок , покрај малата доза на нервоза и стрес.

Сепак никој не размислувал за тоа дека можело да дојде до кавга помеѓу двајцата родители, како што било во случајот со Алекс. Момчето на првиот ден по зимскиот распуст се вратило од градинката со многу чудна порака во својот ранец. Во пликот стоела фактура, подобро кажано казна, со која неговите родители биле повикани да ја платат бидејќи нивниот син не се појавил на роденденската прослава на неговото другарче.

Таткото на Алекс кој се уште е во шок поради тоа што едно мало недоразбрање довело до волку драматична ситуација, објаснил дека добиле покана за роденден неколку дена пред Божиќ. Тој рекол дека неговиот син бил повикан на забава во еден ски центар со вештачки снег. Поканата ја прифатиле но заборавиле дека веќе имале договорено Алекс тој ден да оди на излет со своите баба и дедо.

– Алекс одлучи да оди со сестрата кај моите родители а во тој момент немаше ниту адреса ниту контакт да им се јавие на родителите на неговиот другар за да го откаже присуството на забавата – раскажал Дерек Неш за „Мирор“.

Кога неговиот син од училиште дошол со фактурата првин мислеле дека станува збор за шега, но сфатиле дека работата е сериозна.

– Бев подготвен да го платам трошокот поради тоа што мојот син не беше на прославата, доколку реакцијата на мајката на славеникот не беше толку агресивна – изјавил вчудоневидениот  Дерек кој бил изреволтиран што таа наместо лично да го контактира преку неговото дете му испратила фактура. Таа му се заканила дека ќе го тужи ако не плати и додала дека неговиот син нема повеќе да си игра со нејзиното дете.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1