Казна од 250.000 евра по бегалец за земјите кои нема да ги прифаќаат


Европските земји кои ќе одбијат да преземат дел од товарот од бегалската криза ќе мора да платат околу 250.000 евра по бегалец, објавија „Фајненшл тајмс“ и „Политико“, нагласувајќи дека тоа е предвидено со новиот предлог на Европската комисија, кој денеска ќе биде претставен.bura-od-migranti-630x315

Станува збор за казнена одредба, што е еден од најспорните делови на предложената измена од „Даблинскиот систем“, истакнаа неименувани европски претставници.

Постои можност за оваа мерка да се расправа и во следните денови и одредбата да биде изменета.

„Политико“ исто така укажува дека европските земји, кои ќе одбијат соработка, ќе мора скапо да платат.

Според документот во кој увид имала агенцијата АР, казните, наречени „придонес на солидарноста“, би можеле да изнесуваат по 250 илјади евра за секој барател на азил кого некоја земја ќе одбие да го прими.

Прописите на Унијата предвидуваат бегалците да аплицираат за азил во првата земја од ЕУ каде тие ќе пристигнат. Практично ова значи во Грција или Италија, со што двете земји се преоптоварени од големиот број на бегалци. Новиот план на Европската комисија треба да биде прифатен од страна на земјите членки и од европратениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1