Казна од 50 евра за правење ајвар пред зграда


Правењето ајвар на јавни површини ќе ве чини 50 евра.Од годинава инспекторите во Скопје изрекуваат казни. Од Градот Скопје велат дека дневно се изрекуваат по десетина казни за палење ќумбе во дворовите на зградите.Оние со приватни дворови се најопуштени, па веќе ги полнат теглите, оние со викендички, а што живеат во згради заминаа таму, но останатите се думаат.ajvar3

Казни добиваат и продавачите на големо на зеленчуци на јавни површини.

Градските власти објаснуваат дека користењето на јавните површини за приготвување зимници значи и уништување на јавните површини, а тоа е забрането уште од 2008 година. Казната за ова е 50 евра во денарска противвредност.

Според Законот за јавна чистота нигде не е предвидено дека правењето ајвар на јавни површини е казниво дело. Она што е казниво е всушност поставувањето на ќумбиња на отворено, палење оган и оставање неред -по овој основ инспекторите може да казнуваат

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1