Казна: По 100 удари со стап за хомосексуалците


Во провинцијата Ачех, на крајниот запад на индонезискиот архипелаг, локалните власти подготвија закон, според кој хомосексуалците на јавно место ќе добиваат по сто удари со стап.homostapp

Во провинцијата, во која од целата Индонезија единствено е дозволена и примената на Шерјатското право, со ваква мерка ќе се казнуваат хомосексуалците мажи, но и припадничките на другиот пол, ако бидат фатени во состојба каде што со допири по телото прават сексуална стимулација.

Борците за човекови права во Индонезија остро го осудуваат овој закон, а особено се гневни што тој не ги исклучува ни жителите кои не се муслимани.

Ачех во 2001 година по неколку децении вооружени борби на локалната исламска герила со армијата доби еден вид ограничена автономија. Во провинцијата има 4,7 милиони жители, од кои 90 отсто се муслимани.

Неколку организации од Индонезија ќе се обидат да издејствуваат одлука за неуставностна новиот закон во Ачех, но долгата процедура не ќе го спречи спроведувањето на оваа прилично сурова казна. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1