Казнет полицаец – си земал сирење од продавница како да е негова


Во последната недела отказ добиле четворица вработени во Министерството за внатрешни работи, а во спроведената дисциплинска постапка поради повреди во работењето, тринаесет вработени добиле парична казна, додека на еден му е раскинат договорот за вработување.

policija-vo-avtobus500Полициски службеник од Кочани добил парична казна затоа што влегол униформиран во продавница и на касата ниту го пријавил ниту го платил сирењето. Парична казна добил и полицаец од Рогачево затоа што му бил украден службениот пиштол од возилото, а подоцна му бил вратен.

Одбиено ќе му биде од платата и на инспектор од Струмица поради кој неговите колеги можеле да поминат полошо. Имено, тој испратил колеги на терен без да направи безбедносна проценка на теренот и при тоа еден од колегите се здобил со телесни повреди.

Двајца вработени, пак, добиле отказ откако три последователни дена не дошле на работа. Еден од нив е З.Ј., лидер во тим на Единица за заштита на сведоци, а вториот е А.В. полицаец во Единица за безбедност на патниот сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1