Жителите на општина Центар кои не направиле пренамена од станбен во деловен простор или обратно, имаат рок од 10 дена истиот да го вратат во првобитна состојба, бидејќи во спротивно ќе им бидат изречени парични глоби од 3000 до 5000 евра.Kaко што пишува Вечер, жителите на Центар беа затекнати од ваквото известување залепено на влезовите во зградите, со кое Општината ги известуваат своите граѓани дека имаат рок од само десет дена да ги исполнат законските должности, а притоа не наведувајќи од кога истиот почнува да тече.
Во известувањето се вели дека Оштина Центар ќе ги преземе сите законски мерки против правните и физички лица сопственици на гаражи, посебни делови од објекти, станови или дел од станови кои без одобрение извршиле пренамена на истите.
Граѓаните револтирани од ваквиот однос на Општината, велат дека известувањата за пренамена на станбен или деловен објект треба да ги добијат на рака, со достава на пошта, а не тоа да биде залепено во влезови.
Од општина Центар посочуваат дека известувањето не се однесува на целата општина, туку на одреден број згради и тоа во околината на Зелено пазарче.
“Известувањето се однесува на неколку згради кај Зелено пазарче, во кои се наоѓаат и неколку гаражи во кои се приготвуваше храна. На средба со граѓаните договорено е спорните објекти да се пренаменат или да се вратат во првобитната положба, така што засегнатите граѓани запознаени се со рокот за пренамена на објектите”, потенцираат од Општина Центар.
Вечер