Kазни и суд за сите што ќе го попречат ,,Скопје 2014,, – порача ВМРО ДПМНЕ


За сите објекти кои што се во тек на изградба, постојат законски договори со прецизно утврдени рокови за изградба, за сите попречувања и оддолжувања, правните субјекти ќе имаат можност со тужби и пенали да се заштитат, реагира ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски да го стопира проектот Скопје 2014.

„Во тој случај штетата ќе треба да ја плати Буџетот на Општина Центар, а не Андреј Жерновски лично“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro dpmne stabТие апелираат Жерновски да направи контрола на сите постапки и процедури поврзани со спроведување на проектот Скопје 2014 што е можно побрзо и да ги објави резултатите, исто така што е можно побрзо.

„Жалиме што Андреј Жерновски од првиот ден започна со мораториуми и блокади. Тој така и ќе заврши. По утрото и денот се познава. Мандатот го почнува со желба да запре, на тоа што веќе се гради и работи. Андреј Жерновски очигледно сака да биде мал Бранко Црвенковски и уште првиот ден почна да чекори по неговите стапки.

Да потсетиме, Бранко Црвенковски ништо не работеше и ништо не сработи додека беше премиер. Тој само запираше, блокираше и контрираше во сите свои мандати. За жал така почнува и Жерновски“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1