Казни за родителите чии деца нема да одат на училиште од понеделник


Од 1000 до 2000 евра казна за секој родител кој своето дете нема да го пушти на настава. Неоправданото отсуство на учениците е спротивно на уставот кој ги гарантира правата на децата. Родителите се загрижени од најавениот штрајк. Првпат се случува некој да повикува децата да не доаѓаат на училиште. За нив  скандалозно е барањето на претседателот на СОНК , учениците без причина да губат предавања и да бидат учесници во штрајк кој само им носи штета.skolska-klupa

Во името на голем број загрижени родители на ученици од 5, 6, 7 одделение, Јакимовски се надева дека наставниците ќе си го бараат решението по институционален пат и нема да ги лишат учениците од настава.  Родители пак  од основното Кирил Пејчиновиќ револтирани од односот на раководството на СОНК.Велат, казни нема да плаќаме децата мора да одат на настава.

Државниот просветен инспекторат апелираше да не се потпаѓа на манипулации. Основното и средно се задолжително образование во Македонија, ќе се соочат со големи казни сите кои ќе ги лишат децата од нивните основни права.

Министерот Адеми уверува дека општините и министерството ќе се погрижат учениците да не изгубат ниту час од редовната настава.

– Јас сум запрепастен од повикот на претседателот на СОНК кој ги повика учениците во понеделник да не одат на училиште. Запрепастен сум бидејќи тоа е грубо кршење на Уставот и законите. Не е надлежност на СОНК ниту пак на некоја друга институција да ги повикува учениците да не одат на училиште. СОНК може да се занимава само со нивното членство, вели Адеми.

Sitel

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1