Дејвиан Навар очајно бара родители – семејство што ќе го посвои, има 15 години и целиот живот го поминал во домови за деца. Едно утро во црквата во Флорида решил да стане и со микрофонот в раце пред сите рекол: се согласувам на кој било – стари или млади, татко или мајка, црни бели или виолетови. Би бил многу благодарен и најдобар што можам да бидам!
– Само сакам некој да ме сака без оглед на се – вели момчето кое никогаш не почувствувало родителска љубов и семејство.