Дејвиан Навар очајно бара родители – семејство што ќе го посвои, има 15 години и целиот живот го поминал во домови за деца. Едно утро во црквата во Флорида решил да стане и со микрофонот в раце пред сите рекол: се согласувам на кој било – стари или млади, татко или мајка, црни бели или виолетови. Би бил многу благодарен и најдобар што можам да бидам!
Сите присутни плачеле. Повикот на детето бил пренесен од локалниот весник, а набргу се заинтересираа и телевизиите.Неколку дена подоцна 10 000 луѓе се јавиле со желба да го посвојат.– Само сакам некој да ме сака без оглед на се – вели момчето кое никогаш не почувствувало родителска љубов и семејство.









