ЌЕ БИДЕТЕ ЗАКОПАНИ ВО РОВОВИТЕ КОИ СТЕ ГИ ИСКОПАЛЕ! Ердоган им порача на Курдите


Во Турските воени операции на југоистокот на земјата минатата недела се убиени над 115 курдиски бунтовници, објави во понеделникот турската новинска агенција „Анадолија“.

Повеќето од нив 98, се убиени во месноста Чизре и Силопи, каде е воведен 24-часовен полициски час. Тие градови се наоѓаат во близина на границата со Сирија и Ирак, во југозападната провинција Ширнак.erdogan

Останатите се убиени во провинциите Мардина и Дијарбакир, пренесува агенцијата.

Турската влада соопштила дека екстремистите, поврзани со забранетата Работничка партија Курдистан (ПКК), во тие области поставуваат експлозивни направи, копале ровови и подигале барикади.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ијзавил дека операцијата ќе продолжи и понатаму и истакнал дека „терористичките организации“ заедно со нивните поддржувачи „ќе бидат погребани во рововите кои ги ископале“.

Над стотина луѓе загинале од јули од кога се обновија судирите помеѓу ПКК и турската војска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1