Ќе даваат по 3.000 евра за 400 самовработувања


Неповрати 3.000 евра за отпочнување на сопствен бизнис ќе добијат 400 невработени лица во рамките на проектот за самовработување, најави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

pari evra 1Огласот ќе биде објавен утре, а право да се пријават имаат сите невработени  регистрирани во Агенцијата за вработување.

Покрај грантот од 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали, учесниците во програмата за самовработување добиваат и низа други придобивки кои, треба да им помогнат да станат успешни претприемачи, како што е обука за претприемништво, експертска поддршка за развивање на својата бизнис идеја во одржлив бизнис план и советодавна поддршка при регистрацијата на бизнисот.

Најдобро оценетите 50 бизнис планови ќе имаат можност да добијат грант со дополнителни 1.500 евра за едно дополнително вработување во новоформираната фирма.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1