Семујел Лејтон Дор (25) отворено зборува за својата одлука за добивање дете со својата сестра. Тој се осврнал и на причините за својата долука и на сите негативни коментари кои ги добил.
Ова момче од Сиднеј е во врска со фотографот и дизајнерот Бредли Тенант. Кога тие двајца одлучиле дека сакаат бебе, Семујел сакал тоа дете да ги носи и нивните гени, неговите и на партнерот, Како компромис, неговата сестра Бронте да ги донира своите јајце-клетки за неговиот брат можел да има семејство какво што отсекогаш сакал.
– Не е толку чудно кога ќе ја слушнете приказната. Ќе користиме вештачко оплодување. Имаме јајце-клетки од мојата сестра, сперма од мојот партнер, како и сурогат мајка која ќе ја изнесе бременоста. Тоа е единствен начин јас и мојот партнер да имаме биолошка врска со детето – објаснил Семујел.