Ќе добијат илјадници лајкови и после ја продаваат фејс страната – еве кому давате лајк


Корисниците на Фејсбук се почесто на своите ѕидови добиваат реклами од страниците кои ги имаат лајкувано, а кои немаат никаква врска со оригиналната содржина. Експертите за информатичка технологија велат дека ова не е новина.


facebook-down11Последен пример е фејсбук страницата на Нови Сад, која што има насобрано над 90,000 лајкови, љубители на градот, која сега е спонзорирана од една туристичка агенција.
„Оваа страница никогаш не претставувала јавно добро, никогаш не објавувала информации за градот, туку само мирувала. Ова беше приватна страна која по некоја случајност доби 89,000 лајкови“, вели администраторот на оваа фејсбук страна.

Експертот за ИТ, Горан Анчиќ, вели дека вештините на интернет корисниците на овој начин се обидуваат да заработат од корисниците.
„Креираат Фејсбук групи и страници кои на секаков начин, дозволен и недозволен, ги примамуваат што поголем број на корисници и тоа со една цел – подоцна да ги продаваат на заинтересирани трети лица. Кога фејсбук групата ќе порасне на неколку десетина или стотина илјади, таа се препродава на заинтересирана личност или компанија. Кога ќе ја купат, тотално ја преименуваат, ја користат за промоција на сопствени производи и услуги“, вели Аничиќ.

facebookpravila-05052012-625ilustracija
Тој додава дека ваков вид на промоција за компанијата е краткотраен и најчесто бескорисен по брзото рушење на бројот на фановите, а на тој начин се нарушува и кредибилитетот на новиот сопственик на страната.

И ИТ експертот Саша Јовановиќ вели дека се работи за измама, при што сериозните фирми низ светот знаат да покренат и тужба.

„Решението на овие проблеми е во пријавувањето на ваквите страници на администрацијата на Фејсбук, како што се пријавувањето на лажни сајтови на Google, Јаху и други големи пребарувачи, за да тие страници бидат избришани од пребарувањето“, вели Јовановиќ

БЕЗ ПАРДОН СКАНДАЛ: КАКО СЕ БЕГА ОД ЗАКОН – ПОРТАЛ ДОЛЖИ ПАРИ И СИ СЕ ПРЕКРСТИ
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1