Напаѓачот на Милан, Марио Балотели остана без девојката Фани Негуеша, која се одлучи да го остави.
Фани реши да го „шутне” Балотели по наводната изјава на фудбалерот дека доколку Реал Мадрид успее да се пласира во финалето, тогаш неговата девојка ќе спие со сите фудбалери на „кралскиот клуб”. Ваквата изјава на Балотели, денеска беше демантирана преку официјално соопштение на Милан.
Фани секој меч го бодреше Марио од трибините, но во неделата не беше на мечот против Ктанија.
Италијанските медиуми тврдат дека тоа било знак на кавга, а во текот на денот објавено е дека нивната врска која траеше седум месеци дефинитивно е прекината.