Ќе им ги одземат децата од родителите, кои коментираат против мигрантите на FB?


Во Германија се планира да бидат одземени децата од родителите, кои споделуваат мислења утврдени како радикални или ксенофобични на социјалните медиуми. До сега тие ризикуваа само да ги загубат своите работни места. За ваквите акции ќе биде доволно дури само објавување на мислење, кое не се совпаѓа со официјалната политика, стана јасно од rt.com.

Сеуште не е јасно по кои критериуми ќе бидат дефинирани “радикалните” ставови. “Човек може да потпадне под радарот на властите дури само како изрази незадоволство од дејствата на сириски бегалци кои живеат во близина.migranti-germanija1

Можно е да се потпадне под ударите на новите правила дури само изразувајќи незадоволство или објава на закани кон лицата кои бараат азил и работите ќе отидат премногу далеку “, пишува Die Welt, цитирајќи го информативниот портал на Германската асоцијација на правниците Deutsche Anwaltauskunft.

Спротивставените политички или религиозни преференции на даден родител ќе имаат директно влијание врз правата на децата, ако се смета дека “благосостојбата” им е загрозена.

Т.н. Семеен суд ќе треба да разјасни дали дадено дејсвие ја загрозува благосостојбата на детето и дали е потребно родителските права да бидат прекинати.

“Клучниот фактор ќе биде здравиот разум”, изјави пред германскиот весник Ева Бекер, претседател на работната група за семејно право на Германската асоцијација на адвокатите.

Германскиот канцелар Ангела Меркел е цитирана дека сака повеќе акција од Facebook, кога станува збор за филтрирање на омраза и расистички ставови. Коментаторите разбрале дека Меркел говорела на маргините пред Самитот на ОН со основачот на социјалната мрежа ФБ- Марк Зукерберг.

Нејзиното барање може да биде слушнато на видео кое е снимено на официјалниот ручек во саботата. Цукерберг се согласил дека треба да се направат некои работи. Германскиот канцелар го запрашала дали е можно да се работи на ова прашање и добила одговор: “Да”.

Неодамна од Facebook ветија зајакнување на напорите за борба со расизмот во онлајн просторот. Претходно овој месец компанијата објави соработката со германскиот Internet провајдер, за да го следи одблизу поттикнувањети на омраза .

Зголеменото внимание на онлајн омразата била предизвикана од приливот на мигранти кои патуваат до Германија. Над 410 000 луѓе се регистрирани во земјата од јануари, како и над 100 000 лица, баратели на азил, беа прифатени од август.

Земјата со население од 80 милиони луѓе, има прифатено повеќе барања за азил од секоја друга европска земја, пишува весникот. Се очекува да пристигнат до милион имигранти од Ирак, Сирија и Авганистан во 2015 година – четири пати повеќе од оние кои се дојдени во 2014.

Кризата ја зголемува поделеноста меѓу оние кои ја поддржуваат, барателите на азил и критичарите на преселничкиот бран. Околу 10 000 членови на PEGIDA (патриотски Европејците против исламизацијата на западот) маршираа во Дрезден претходно овој месец.

Тие не ги одобруваат бранот доселеници и мигранти кои доаѓаат во Европа и особено за доаѓањето на муслиманите.

Пред една недела, швајцарски блогер објави дека Шведска е земја со најголем број на пријавени случаи на силувања во Европската унија – 53 случаи на 100 000 жители. На второ место во Велика Британија – 24 на 100 000.

Ова дефинитивно не се должи на повеќето злосторства, туку на големиот број пријавени случаи, сметаат експертите.

Една од првите правила кои ги воведоа во Австрија кон мигрантите, е што им забранија да имаат секс на отворено.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1