Ќе им ги рушат куќите за да прават парк во Ѓорче – граѓаните на протест


Околу 30 семејства од Ѓорче Петров излегоа на протест  поради најавените измени во Деталниот урбанистички план на општината, со кои се предвидува експропријација на нивните домови за да се подигне парк.

gorce_z-564x272„Живееме на простор каде треба да има парк, а ние и нашите предци изминатите сто години живееме во наши домови“, велат овие жители, а на градоначалникот Сокол Митревски му порачуваат дека нема да ги прифатат понудените средства за експропријација на нивните имоти, пренесува фактор.мк.

Бараат доколку им се одземат становите да се изградат две згради во кои ќе има станови за сите, а во спротивно најавуваат и порадикални протести и блокади на патиштата.

Од општината денеска не се соочија со незадоволните жители. Во писмено соопштение од општината Ѓорче Петров се наведува дека во оваа фаза од носењето на ДУП-от не се можни договарања и преговарања со заинтересираните страни. Ги повикаа граѓаните своите предлози, мислења и забелешки да ги достават на адреса на стручната Комисија за урбанизам при општината.

Од општината гледаат политика во протестот и сметаат дека жителите ги злоупотребува одредена политичка партија во предизборието.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1