Ќе има протести за да се тргнат звучниците од џамиите – оџите мора да пеат сами велат и од ИВЗ


Една невладина организација од Скопје, се подготвува да покрене иницијатива за повлекување на звучниците од џамиите, јавува Република.мк

Мустафа Саит, претседател на невладината „Илоја“ ги потврди своите планови за ова. Роден како муслиман, но тој и другите во организацијата се доживуваат како космополити.

Minaret 110909Ниту во Куранот ниту во било која исламска книга не пишува дека оџата во 4 часот наутро треба слатко да си спие, додека стерео системот во минарето, автоматски пушта це-де со снимка од повикот за молитва. Потоа над 200 децибели ечат низ околината и повикот мора да го слушаат и да ги буди во 4 наутро и оние кои не се муслимани.

Иако скоро секоја џамија има вакви звучници, верувале или не, на ова се спортиставува и Исламската верска заедница, без притоа да даде одговор зошто толерира на вакво однесување на оџите.

-Според Исламските прописи и норми муезинот (личноста што го учи езанот) треба да повикува за молитва и тоа да го прави природно значи со својот глас. Според исламските закони доколку има џамија и верници, не се дозволува да се повикуваат верниците во џамии преку емитувани снимки, туку мора лично со глас и природно тоа да се прави.

Целиот текст и одговорот на Исламската верска заедница прочитајте го на – Република.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1