Ќе купуваме евра и девизи и на банкомат – нови измени


bankСтранските пари и денарите ќе можат да се менуваат на банкомат. На денешната седница Советот на НБРМ ја усвои и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за менувачки работи.

„Со измените и дополнувањата се воведува можноста за купопродажба на ефективни странски пари и денари на физички лица преку банкомат со функција за менувачко работење. Оваа новина засега би била дозволена само за банките, кои ќе имаат обврска за секој поставен банкомат со менувачка функција да достават известување со соодветна документација до Народната банка., соопшти НБРМ.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1