Ќе куртулат ли граѓаните од високите трошоци за извршителите?!


На иста маса министерката за правда Дескоска со Комората за извршители ќе разговараат за законските измени.

Извршители пак, се уште без став, но сепак, анализите им кажале дека намалувањето кое го предлагаат властите е преголемо и допрва ќе преговараат. Очекуваат решение – во интерес на сите. Се пожалија дека заработувачката драстично им паднала.

Извршителите предлагаат трошоците пред извршител за социјалните случаи да бидат нула, а за другите загрозени категории трошокот да се намали, но извршувањето да остане. Најверојатно од големи трошоци ќе куртулат и оние граѓани кои земаат минимална плата.

Меѓудругото, Дескоска информираше дека во однос на законските измени – власта – зелено светло добила од Банкарската асоцијација. Банкарите се согласиле дека трошоците за одблокирање сметки кои ги плаќаат најранливите се превисоки, а тие не трпат никакви финансиски импликации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1