Најголем корисник на лабораторијата вредна 200 илјади евра, се очекува да бидат компаниите кои ги греат скопјани, БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика, Топлификација Скопје Север, како и јавните комунални претпријатија.
Преку лабораторијата, корисниците на нивните услуги, граѓани или фирми кои од некоја причина се сомневаат во исправноста на мерилата поставени во нивните домови и комерцијални објекти, лично ќе можат да се уверат во исправноста.
Информации за можностите за соработка со лабараторијата ќе може да се побараат преку е-маил и телефон 025514031.
Технички, со опремата која е набавена ќе може да се испитуваат, механички, ултразвучни и електромагнетни водомери за ладна и топла вода, сензори за проток на вода, отпорнички термометри и термометри со течност во стакло, како и компактни и раздвоиви мерила на топлинска енергија.
Новата лабораторија ќе ги намали трошоците за испитување на мерилата на БЕГ и другите компании кои до сега мораа да се испитуваат и калибрираат во странски лабаратории. Тоа ќе придонесе за намалени опративни трошоци.