Судот во Индија на барање на индискиот регулатор СЕБИ денес ги замрзна сите сметки на тамошниот милијардер Субрата Рој, човекот кој на покана на македонската влада ќе инвестира во казина и хотели на охридското крајбрежје, пишува НоваТВ.
Замрзнати се сите сметки и целиот имот на фирмите од Сахара Груп, како и личните банкарски сметки и личниот имот на Субрата Рој и уште тројца од неговите директори. Компанијата треба да врати 3 милијарди евра со 15 проценти камата на милиони измамени граѓани во рок од три месеци, а на нивно барање им биле дозволени и три рати за враќање на долгот.
Сахара Груп ја платила првата рата, но не и останатите две. На сметките на фирмите засега нема ниту ниту третина од парите потребни за подмирување на долгот.
Субрата Рој во Македонија треба да гради хотели и казина на брегот на охридското езеро.
Извор – Нова ТВ