Ќе никне ли луксузен Охрид – сметките на Субрата Рој биле замрзнати денес


Судот во Индија на барање на индискиот регулатор СЕБИ денес ги замрзна сите сметки на тамошниот милијардер Субрата Рој, човекот кој на покана на македонската влада ќе инвестира во казина и хотели на охридското крајбрежје, пишува НоваТВ.

sudartaЗамрзнати се сите сметки и целиот имот на фирмите од Сахара Груп, како и личните банкарски сметки и личниот имот на Субрата Рој и уште тројца од неговите директори. Компанијата треба  да врати 3 милијарди евра со 15 проценти камата на милиони измамени граѓани  во рок од три месеци, а на нивно барање им биле дозволени и три рати за враќање на долгот.

Сахара Груп ја платила првата рата, но не и останатите две. На сметките на фирмите засега нема ниту ниту третина од парите потребни за подмирување на долгот. 

Субрата Рој во Македонија треба да гради хотели и казина на брегот на охридското езеро.

Извор – Нова ТВ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1