Ќе никне вечниот спомен на убиените кај Смилковско Езеро


Денес во 10 часот ќе се осветува камен темелник на црква кај Смилковското Езеро за помен на свирепо убиените деца на Велигден минатата година.

smiljkovsko ezeroМинатиот Велигден, на 13 април 2012 година, Македонија се прости од Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани, од Борче Стефковски од Црешево, грозоморно убиени кај Смилковското езеро. Жалеше цела Македонија за младоста која згасна на ова место, во едно ѕверско и безумно злосторство.

Месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче во општина Гази Баба иницираа изградба на Македонска Црква „Светите четириесет маченици – Младенци“ кај Смилковското езеро, со Благослов на Неговото Блаженство господин господин Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, како траен спомен за децата чии души вечно ќе бидат над водите на Смилковското Езеро.

На местото викано Кршиколе или Крст, одамнина древно светилиште, затоа и така наречено, до заобиколницата на Скопје, кај Смилковското Езеро, на местото каде подмолно и свирепо лани беа убиени, ќе никне вечниот спомен за загинатите.

Црквата во основата ќе биде 150 м2 со уреден парк од 6.000 м2, а околу црквата ќе има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените. Проектот е изработен од градежната фирма ЖИКОЛ, за што иницијаторите изразуваат голема благодарност до ктиторот и сите донатори.

На осветувањето ќе присуствуваат месното население од околните села, семејствата на убиените и Архиепископот Охридски и Македонски со свештеници од Скопската епархија на Македонската Црква – Охридска Архиепископија

Извор – Инпрес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1