Ќе платите казна ако го валкате автобусот на ЈСП


Комунални редари ќе има и во автобусите на ЈСП. Нивна задача ќе биде да ги спречат оние што ќе сакаат да фрлат ѓубре во автобусот. Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје” најави дека ќе ја зголемува хигиената во автобусите преку соработка со комуналците, оти контролорите во автобусите не се доволни да се одржат возилата чисти, пренесува Скопје Инфо.

 

avtobus nov jsp“Нашите контролори имаат обврска да контролираат дали патниците имаат билет, но не можат да водат ред дали некој фрла ѓубре или не. Затоа размислувам да почнам соработка со ЈП ‘Комунална хигиена’ , за да имаме чисти автобуси. На почетокот би функционирало само како опомена, а потоа ќе размислиме за казни. Мора да се реши проблемот бидејќи, и покрај апелите и кодексот за однесување на патниците, сепак, наутро автобусите се преполни со отпадоци”, вели Игор Јанушев, директор на ЈСП.

Скопје Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1