Ќе постигнат ли договор – засега извесно само дека состанокот ќе трае ДОЛГО


Пред почетокот на средбата на работните групи за измените на изборните правила, белгискиот експерт Питер Ванхауите изјави дека очекува да се постигне договор околу полноќ или утре сабајле. Тој очекува да присуствуваат лидерите на четирите политички партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи.gruevski zaev ahmeti taci

Питер Ванхауте не одговори дали е подготвен предлог на изборниот законик од страна на меѓународните претставници и не сакаше да прецизира други детали за договорот.

Се засилува меѓународниот притисок за постигнување на договорот за изборниот законик. На средбите на работните групу дојдоа амбасадорот на Еу Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли, а во моментов пристигнуваат и лидерите на четирите политички партии.

Партиските претставници, како и вообичаено, не дадоа изјави. На средбата присуствуваат Силвана Бонева, Никола Тодоров и Билјана Бришковска Од ВМРО-ДПМНЕ , од СДСМ Дамјан Манчевски, Цветанка Иванова и Оливер Спасовски, Артан Груби од ДУИ , и од ДПА Имер Алиу.

Се очекува да се постигне конечен договор околу прочистувањето на избирачкиот список, гласањето на дијаспората, финансирањето и медиумското преставување на партиите, Државната изборна комисија…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1