Ќе потпишуваме нови договори со кабелските оператори


Телекомуникациските и кабелските оператори ќе имаат рок од два месеца да им понудат нови претплатнички договори на корисниците откако ќе стапи во сила новиот правилник со кој се прецизираат општите услови за пристапот и користењето.

Агенцијата за електронски комуникации донесе нов правилник, со кој најавуваат поголеми права за корисниците. Според АЕК, најголем дел од новите измени на законот доаѓаат по забелешки на граѓаните/корисниците на услугите.big-screen-plasma-tvs

Според условите од новиот правилник, корисникот кој ќе потпише договор со кабелски оператор (телевизија) ќе добие и листа на канали за кои е потпишан договорот. Кабелскиот оператор освен што е должен да ги ги плати авторските права за овие канали, мора да обезбеди пренос на истите во периодот на договорот. Во споротивно корисникот може да го раскине договорот без приотоа да плаќа казни. Ова значи дека ако ви ветиле 80 канали тогаш мора да имате 80 канали. За секоја промена во каналите операторот мора да го извести претплатникот, кој доколку не се согласува со промените може да го раскине договорот.

Што се однесува до Интернетот според новиот правилник се предвидува брзината на интернет сообраќајот да не смее да биде побавна од 50 отсто од рекламираната. Операторите се обврзани и детално да го известат корисникот за интернет брзината која ја нудат. За жал, нема подетална информација околу загубата на пакети која има огромна улога во квалитетот на сигналот, како и должината на периодите во кои е дозволен пад на брзината на 50 отсто од рекламираната.

Операторите кои не се придржуваат до правилникот најпрво ќе добијат предупредување, по што следат казни кои се помеѓу 5.000 и 20.000 евра.

Максималната должина на договорот која може да биде потпишана со корисникот е 24 месеци, а по ова нема да има автоматско продолжување на договорот, туку корисникот мора да биде контактиран по што би се изјаснил дали ќе го продолжи договорот или ќе го прекине истиот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1