Ќе се формираат пунктови за разладување


Општина Велес ќе формира пунктови за разладување на граѓаните. Градоначалникот Славчо Чадиев вели дека на најфрекфентните локации во градот ќе делат шишиња со вода, откако од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозират нагло зголемување на тепмературите.

„Да точно е тоа планираме да делиме мали шишенца со вода на оние места каде има најголема фрекфенција на граѓаните“, рече  Славчо Чадиев градоначалник на општина Велес.

DrinkingWaterГрадските чешми исто така се важен сегмент во спречувањето на жештината и амортизирање на топлотните удари. Уште утово на координација ,градоначалникот дал налог за надлежните во ЈКП Дервен ,за се провери каква е ситуацијата со чешмите и под итно да се поправат расипаните ,да се заменат искршените и за се оспособат за работа

„Уште утрово дадовме налог за да се поправат сите чешми. До четврток треба да се постави и чешмата на Kојник ,така да мислам дека и покрај тоа што дел од граѓаните ги кршат ние сме тука да интервенираме“, рече  Чадиев.

Лекарите апелираат за внимателност, порачуваат да не се излегува на сонце во најтоплите периоди од денот и да се внесуваат течности но не алкохол или газирани пијалоци.

Највнимателни треба да бидат хронично болните и повозрасните, Редовно да примаат терапија, да избегнубаат мрсна и солена храна.

Заштита од топлотниот бран мора да  применуваат и луѓето кои работат  дирекно изложени на сонце.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1