Ќе се гради нов студентски дом со нови сместувачки капацитети


Донесовме одлука и во рамки на Градот Скопје ќе се гради нов студентски дом. Следните денови ќе биде соопштена и предлог локацијата каде ќе се гради овој студентски дом, комплетно нов со нови сместувачки капацитети. Постојат варијации меѓу 500 и 1000 студенти.

Ова на денешната трибина на тема „Образованието и образовните реформи и процеси во Република Македонија“ во организација на институтот „Павел Шатев“ го истакна заменик министерот за образование Спиро Ристовски.studentskidortghy6yymgd-500x375

Тој истакна дека Владата во изминатите неколку години се обидува да ја корегира состојбата во која се наоѓаат студентните домови.

-Во рамки на студентските домови со децении не беше ништо инвестирано. Имаме состојба во која во изминатите години приближно пет милиони евра инвестиција во реконструкција и санација на домовите. Ние како Влада за прв пат по безмалку 40 години изградивме нови сместувачки капацитети, во студентскиот дом „Стив Наумов“, каде приближно два милиони евра се инвестирани. Минатата година ветивме и започнавме со темелна реконструкција на студенсткиот дом „Гоце Делчев“. Правиме напори да го забрзаме целиот процес, реконструкцијата започна со блокот „Б“ и таа комплетно се заврши, се изработува мебелот за секоја соба поединечно за 14 ката. Очекувам во наредните недели да започнеме со диструбуција на мебелот и студентите да почнат да се префрлуваат од блокот „А“ во блокот „Б“. Блокот „А“ целосно ќе се затвори, набрзо ќе биде распишан тендер и ќе започне и неговата реконструкција. Истовремено избрана е компанија која работи на изготвување проект за реконструкција и санација и на останатите два блока од „Гоце Делчев“, како и на мензата. Идејата и е во наредните месеци да се доврши комплетната реконструкција, истакна Ристовски.

Претседателот на Здружение на директори од ученички и студентски домови Блажо Митев истакна дека треба да се работи со студентите и учениците во насока на одговорно и коректно однесување кон инвентарот, бидејќи како што рече не ретки се случаите каде истиот се оштетува.

-Не можеме да се пофалиме дека сите ученици и студенти се однесуваат одговорно кон интентарот и се грижат за него. Не е мал бројот на несовесното однесување и некогаш се остава впечаток дека намерно се прави сето тоа. Има и убави страни каде навистина учениците и студентите максимално се грижат и со креативни идеи го разубавуваат просторот во кој живеат. Првта појава не не обесхрабрува, туку бара поголема посветеност да се изнаоѓаат разни начини за намалување на оваа негативна појава. Постојат повеќе методи кои ги користиме и се покажале како успешни во борбата за намалување на штетите. Редовната контрола, извштаите на дневна основа и инструменти кои ги црпиме од самиот закон за изрекување на педагошки мерки, но една од подобрите е и поставувањето на видео надзорот кој делува и превентивно, истакна Митев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1