Во непосредна близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се гради трговски центар кој според најавите ќе биде двојно поголем од Сити Мол.
Економски мк. пишува дека Luxury Balkan Mall ќе го гради бугарската компанија ИСА 2000 на територијата на општина Петровец, а истиот ќе отвори 2.000 вработувања.
-Оваа парцела е околу 70 илјади квадрати. Според најавите на инвеститорот планот е во завршна фаза и се однесува на голем луксузен балканки мол со големина од 200 илјади квадратни метри во кои се планирани 2000 вработувања, вели градоначалник на општина Петровец Борче Митевски.
Индустриската зона Чојлија која се протега спроти скопскиот аеродром по површина е најголема во земјава и една од најбараните. Од седумдесетина парцели, уште само три се непродадени.