Ќе се гради Ски Центар на Водно !


4 Ски патеки, 3 ски лифта 2 специјални елеватори  и еден ресторан ќе се градат падините на планината  на планината Водно.

vodno_zicaraНајдоцна за три месеци градот Скопје ќе определи концесионер кој по пат приватно партнество ќе изгради, одржува и стопанисува со скијачки патеки на планината Водно, пишува порталот ЗаСе.

Според предлог одлуката ќе се гради:

– 4 ски патеки на Водно, со вкупна должина од 3850 метри;

– 3 ски лифта, со вкупна должина од 1350 метри;

– 2 подвижни тепиха (carpet lift), со вкупна должина од 160 метри;

– 1 ресторан од 200 м2;

– административна зграда (со ресторан, ски рента и ски школа) од 240 м2;

– технички објект (гаража за ратрак и моторни санки заклучно со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски патрола, заклучно со магацин за разновидна опрема) од 200 до 300 м2;

– акумулација за вода и

– систем за технички снег.

Според предлогот приватниот партнер на Градот ќе стопанисува со скијачкиот центар во наредните 25 години, по што градот Скопје во целост ќе го добие скијачкиот центар.

Извор – ЗаСе

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1