Аерозагадувањето во Тетово не се намали и по затворањето на Југохром, кој на 31 декември минатата година ги згасна печките, откако на протестите беше посочуван како најголем загадувач на воздухот. Но и покрај тоа, мерните станици деновиве во воздухот измерија и до 17 пати поголема концетрацијата на ПМ 10 честички од дозволената вредност.
Министерот за животна средина Нурхан Изаири, вели дека за неколку месеци точно ќе се знае кои се факторите кои го загадуваат воздухот и колкаво е нивното учество.
На повеќе локации во Скопје и Тетово поставени се филтри кои ги апсорбираат штетните честички од воздухот. Филтрите во април ќе бидат извадени и пратени на хемиска анализа во Финска и Австрија, каде ќе се утврдува потеклото на штетните материи кои придонесуваат за аерозагадувањето.
Вработените од Југохром, велат дека вакви мерења требало да се направат и порано, со што би се спречиле непотребните обвинувања на невладините организации, дека Југохром е најголемиот загадувач кои придонесоа комбинатот да се затвори, кој единствениот извор на егзистенција на жителите од овој крај.
Воздухот во Тетово синоќа беше за 10 пати позагаден од дозволената вредност. Во меѓувреме локалните власти немаат преземено конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето. Проблемот со дивата депонија се уште не е решен, хаосот во сообраќајот останува а зеленилто во градот речиси го нема.
Telma.mk