Ќе се покачуваат пензиите, платите и социјалната помош


Македонскиот премиер Никола Груевски во средата во годишното обраќањето пред бизнис заедницата најави дека при крај се подготовките за буџетот за 2014 година, со кој се предвидува ново покачување на пензиите, платите и социјалната помош.

denari-1_011110Тој информираше дека пензиите и социјалните надоместоци ќе се зголемат од март 2014 година за пет отсто, а за исто толку ќе се покачат и платите во јавната администрација, но од октомври 201 година. Проекцијата за буџетот за 2014 година се базира на економски раст од 3,2 отсто, инфлацијата е проектирана на 3,3 отсто, а буџетскиот дефицит треба да достигне 3,5 отсто.

Груевски им одржа лекција на домашните бизнисмени дека насекаде во цивилизираниот свет практика е во голема мера да се донира во разни општествено корисни проекти и како пример ги наведе американските компании, кои, како што рече, се натпреваруваат која ќе биде похумана и која ќе даде повеќе пари на донаторски конференции.

Македонскиот премиер, во подолгото обраќање пред стопанствениците, најави и нов закон за стечај, со кој нагласи дека стечајните постапки во Македонија ќе се решаваат најбрзо во Европа и дека најкомпликуваните ќе случаи ќе бидат решавани најдолго за осум месеци.

gruevski-nikola-epa_1Најави воведување и на Закон за финансиски дисциплина.Со овој закон се предвидува долговите помеѓу две приватните компании, или долг на државна интуиција кон приватна фирма да биде исплатен во рок од 60 дена, освен во исклучителни ситуации и со договор од двете страни, истакна Груевски. Во случај на прекршување на законот ќе се плаќа камата и ќе следува прекршочна пријава. Покрај ова, и авно ќе се објавуваат имињата на должниците, кои не ги подмириле даноците и другите обврски кон државата и тоа за долг од 2.000 евра за физички лица и 5.000 за правни лица. Оваа мерка се воведува во насока на борбата со нелојалната конкуренција.

Ветувајќи дека ќе продолжи трендот на изградба на големи инфраструктурни проекти, Груевски најави дека во плам е изградба на автопат Скопје-Свети Николе-Штип и Кичево-Охрид, за што владата планира да се задолжи од Кина под исклучително поволни услови, а се очекува и реконструкција на неколку магистрални патишта.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1