Ќе се прегласува и во Струга


Управниот суд денеска прифати седум од осумте поднесени тужби на ВМРО-ДПМНЕ за Струга.

strugaУправниот суд денеска од 34 прифати 32 тужби на ВМРО-ДПМНЕ за вториот круг од гласањето во скопската општина Центар и седум од вкупно поднесени осум за Струга. Се очекува да има повторно гласање во овие две општини. Државната изборна комисија (ДИК) претходно прифати два приговори за гласањето во Струга, така што таму треба да се прегласува на девет избирачки места.

Во Центар граѓаните повторно ќе избираат меѓу Владимир Тодоровиќ, кандидат за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Андреј Жерновски од „Сојузот за иднината“ предводена од опозициската СДСМ. Во Струга, пак, ќе се гласа за Владимир Кочоски, кандидат на коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и Зијадин Села од ДПА, кој доби поддршка и од ДУИ.

Дел од електронските медиуми, повикувајќи се на извори од ДУИ, попладнево јавија дека претседателот на Управниот суд Хусамедин Лимани си поднел оставка за која што нема официјално образолжение.

Управниот суд утре ќе одлучува по 60 тужби на СДСМ, најмногу за Скопје, Бутел, Берово, Карбинци, Велес и Ѓорче Петров

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1