Ќе се прегласува во општина Центар?


Ќе има прегласување во општина Центар во најмалку 11 избирачки места, дознава Press24 од извори во Управниот суд. Од судот велат дека до овој момент се прифатени 11 од тужбите на ВМРО-ДПМНЕ што значи дека ќе треба да се почека прегласувањео за да се знае, кој ќе ја води оваа општина во наредните 4 години.

zernovski todorovicСогласно законот, за да има прегласување, бројот на гласачите во оспорените избирачки места треба да биде поголем од вкупната разлика меѓу кандидатите.
По вториот круг, Андреј Жерновски имаше предност од нешто помалку од 1000 гласа пред Владимир Тодоровиќ.

Иако се уште нема информации за кои избирачки места се  однесуваат прифатените тужби, извесно е дека во нив има над 1000 регистрирани гласачи, ако се има предвид дека 400 гласачи има изборното место со најмалку електорат.
Покрај овие, прифатени се уште 2 тужби за Струга.
ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во општина Центар има поднесено 34 приговори. Одлуките на Управниот суд се конечни по нив нема простор за жалба и стапуваат на сила веднаш.

Press 24 

УПРАВНИОТ СУД ОДЛУЧИ: ЌЕ СЕ ПРЕГЛАСУВА ВО ЦЕНТАР – ЖЕРНОВСКИ НАЈАВУВА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
КАПИТАЛ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВЕН ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОДЛУКАТА ЗА ПРЕГЛАСУВАЊЕ ВО ЦЕНТАР
ЖЕРНОВСКИ: КОЛКУ КРУГА САКААТ НЕКА ИМА, ЏАБЕ ИМ Е – ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1