Ќе се реконструира куќата на Калеш Анѓа


Општина Новаци ќе распише тендери за градежна фирма која ќе ја реконструира куќата на македонската хероина Калеш Анѓа во маровското село Старавина,  каде беа снимени сцени до филмот „Прашина“, како и на црквата „Свети Димитрија“ во село Градешница која датира од 16 век, пишува „Дневник“.


Пари за реконструкцијата се обезбедени преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија со Грција, од околу 270 илјади евра.
– Сите три градби се заштитени како споменици на културата и бараат соодветна реконструкција. Се очекува реконструкцијата да започне во пролет. Куќата на Калеш Анѓа ќе биде претворена во етно музеј. Освен надворешниот дел, ќе биде рекоструирана и вантрешноста, каде ќе бидат поставени носии од мариовскиот дел, предмети, покуќнина од некогаш – изјави градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.
Куќата на Калеш Анѓа, овековечена во романот на Стале Попов како синоним на македонската борба против потурчувањето, оставена е со векови на забот на времето. Објектот, ѕидан од камен и од бела земја, автентичен за овој крај, е со разнишани ѕидови, обраснат со тревишта и со замандалени порти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1