Ќе се реновираат салата „Партизан“ и базените под Kале


Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ распиша оглас за изработка на акциски план за реконструкција на спортската сала „Партизан“ во населбата Kарпош 4, како и на делови од спортскиот центар „Kале“, пишува Дневник.

Обновата на спортските комплекси, кои долго време не се чепнати, е дел од владината програма за реновирање постојни спортски капацитети во целата земја, која беше презентирана пред јавноста лани.kale bazen

Роберта Теова, раководител на правната служба при СРЦ „Борис Трајковски“, изјави дека акцискиот план треба да содржи план за реновирање на спортските сали по години, рок на реализација, со предлог дали да се одвива етапно или во целост. Исто така, со планот ќе се утврди финансиската проекција која ќе претставува само рамка затоа што точните суми за реконструкциите ќе се знаат по пресметките за секој поединечен спортски објект.

Она што многумина ги интересира е дали по обновата на базените во рамките на СРЦ „Kале“ тие ќе проработат за капење. Едниот дел од базенскиот простор е даден под концесија пред 15-ина години, па засега е нејасно дали и тој дел ќе се реновира. Од „Борис Трајковски“ изјавија дека повеќе детали за концесијата ќе соопштат набрзо, односно по примопредавањето на објектите. Тие потенцираа дека нивните надежи за отворање и проработување на базенот исто така се стремат кон позитивен одговор.

И салата „Партизан“ и СРЦ „Kале“ се спортски објекти, изградени пред речиси четири децении, низ кои поминале генерации спортисти.

Салата „Партизан“ е изградена во 1969 година како подарок на француската влада за Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Објектот тогаш не бил опремен, односно подоцна е дограден и опремен со спортски реквизити со пари на членството на клубот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1