Министерството за економија за два месеца треба да подготви измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот и ќе се овозможи продажба и во кисоци со поседување лиценца, информираа денеска од ресорното Министерство.
Информацијата за законските измени Министерството за економија ја презентираше на вчерашната владина седница, а како резултат на реализираната посета на компаниите во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“.
Предлозите, како што информираше денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, доаѓаат директно од бизнис заедницата и се усогласени со стопанските комори.
– Исклучително е важно што оваа информација е усогласена и направена по иницијативата од бизнис заедницата, разговарано е со сите погоолеми компании и со сите стопански комори во Македонија, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.
Со сегашниот закон продажбата на алкохол е ограничена до 19 часот во зимскиот период, односно до 21 часот преку лето. Во киосците, пак, има забрана за продажба на алкохол